ВИДЕО: Кралска вечер на „Сан Мамеш“, Реал Мадрид ја продолжува шампионската трка со Барса

фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија домашниот Атлетик во Билбао со 2:0 во натпреварот од 18 коло на најквалитетното шпанско првенство.

Реал поведе со голот на Карим Бензема во 24 минута, а вториот погодок за „кралевите“ беше дело на Тони Крос во 90 минута.

Составот на Карло Анчелоти има 13 победи и е втор на табелата со 41 бод, три помалку од водечката Барселона која претходно го победи Хетафе со 1:0 на „Камп Ноу“.

Атлетик Билбао е без победа на последните четири мечеви, а по шестиот пораз сезонава во „Ла Лига“ се наоѓа на осмото место на табелата со 26 бодови.

Во останатите дуели Виљареал пред своите навивачи ја победи Жирона со 1:0, а Елче и Осасуна ремизираа 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот