ВИДЕО | Костјук го доби украинското дерби со Свитолина, па се расплака
Украинската тенисерка Марта Костјук обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четвртфиналниот дуел во Париз ја совлада својата сонародничка Елина Свитолина со 6:3, 2:6, 6:2.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Натпреварот траеше еден час и 49 минути, а Костјук покажа поголема концентрација во решавачкиот сет и заслужено стигна до место меѓу четирите најдобри тенисерки на турнирот.
Во борбата за финале, Украинката ќе се соочи со младата руска тенисерка Мира Андреева, која претходно во четвртфиналето убедливо ја елиминираше Романката Сорана Кирстеа со 6:0, 6:3.
Преостанатите две четвртфинални пресметки на Ролан Гарос се закажани за утре. Белорусинката Арина Сабаленка ќе игра против Русинката Дијана Шнајдер, додека во вториот дуел силите ќе ги одмерат Ана Калинскаја од Русија и полската тенисерка Маја Хвалинска.
Костујк по денешниот триумф при победничкиот говор не можеше да ги задржи и солзите.
Marta Kostyuk visibilmente emozionata a fine partita, dopo il derby con Svitolina e la situazione in Ucraina🥹❤️#rolandgarros pic.twitter.com/Mvf1BGMLmS
— Pasquale🏆 (@McPako8) June 2, 2026


