Адвокатот Аријанит Кочи /Фото: Скриншот

ВИДЕО | Косово: Адвокат се избричи пред Собранието во знак на револт

Косовскиот адвокат Арианит Кочи избра необична форма на спротивставување на одложувањето на формирањето на новите институции, по изборите од 9 февруари.

Кратко пред продолжувањето на 50-тата конститутивна седница на Косовското собрание, тој реши да ја избричи главата пред зградата на Собранието!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ORA NEWS (@oranews.one)

„Нашата државност во Косово е исто така загрозена. Пријателите и непријателите се убедуваат дека не сме способни да одржиме држава“, рече тој.

Претходно тој пред собранието кое со месеци не успева да се конституира донесе четири магариња.

Уставниот суд може да пресече, пропадна и 50-тиот обид за конституирање на косовското собрание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот