ВИДЕО: Контроверзен експеримент на британските научници за побрз развој на ковид вакцина

epa08418552 A researcher conducts experiments to develop a blood plasma medicine for COVID-19 patients at bio-firm GC Corp. in Yongin, South Korea, 13 May 2020. South Korea has confirmed over 10,000 cases of coronavirus and COVID-19. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Британските истражувачи се подготвуваат да почнат контроверзен експеримент во кој ќе инфицираат здрави доброволци со новиот коронавирус со цел подобро да ја проучат болеста и да го забрзаат развојот на вакцина.

Пристапот наречен студија на предизвик, е ризичен, но според научниците може побрзо да доведе до резултати во однос на стандардното истражување.

Владата на Велика Британија најави дека ќе вложи 33,6 милиони фунти.

Кралскиот колеџ Лондон денеска соопшти дека во истражувањето ќе бидат вклучени доброволци од 18 до 30 години.

– Никогаш не е лесно намерното заразување на доброволци со познат човечки патоген, изјави професор Питер Опеншоу, додавајќи оти таквите студии овозможуваат исклучително важни информации за болеста.

Во првата фаза од студијата, истражувачите ќе се обидат да го утврдат најмалото ниво на изложеност потребно за предизвикување на болеста, а потоа ќе го користат истиот метод на предизвик за да проучат како потенцијалните вакцини дејствуваат во телото, имунолошкиот одговор на телото и потенцијалните третмани.

Претседавачката со Работната група за вакцини Кејт Бингам изјави дека истражувањето ќе доведе до сознанија за имунитетот и колку долго вакцината може да штити од повторна инфекција.

(Извор:Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот