Видео кое го згрози светот: Чистачка пие вода од писоар за да им докаже на шефовите дека добро исчистила (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Веибо

Снимката на која се гледа како чистачка во униформа со пластична чаша зема вода од ВЦ шолја, поточно од писоар, за да ја испие пред група луѓе, предизвикала расправии на кинеската социјална мрежа Веибо. Таа наводно самата им предложила на претпоставените да го направи тоа, за да им докаже дека добро ја завршила работата, акомпанијата поради големата посветеност на работата ја пофалила како „исклучителен работник“.

Фото: Принтскрин/Веибо

На снимката снимена во фабрика за производство на вештачко ѓубриво во источната кинеска провинција Шандонг, која трае 32 секунди, жената претставена како Луо објаснила дека го направила тоа за да се поттикне да работи уште подобро, на за публиката, очигледно нејзините претпоставени ја натерале на тоа, пишува „Daily Mail”.

Портпаролот на компанијата соопштил дека Луо редовно пие вода од тоалетот откако пред неполни две години “ја урнала психолошката бариера”.

На кинеската социјална мрежа луѓето коментирале дека не е примерно што компанијата промовира вакво однесување за време на пандемијата на Ковид-19, а некои пишувале дека била принудена да го направи тоа.

Фото: Принтскрин/Веибо

Некои пишувале дека е срамота што претпоставените дозволуваат персоналот да им пие вода од ВЦ шолја.

Иако водата од чешма во Кина не е безбедна за пиење, компанијата “Zhong Xheng Fertiliser Technologies” тврди дека водата од нивните тоалети може да се пие и дека чистачката доброволно одлучила да го направи тоа. Тие ги повикале и останатите вработени да се угледаат на Луо.

„Нејзината постапка докажува дека ја врши работата најдобро што може”, смета компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот