ВИДЕО | Кое е чувството да се биде жив: Бијонсе со нова песна „Be Alive“ за филмот „King Richard“ за сестрите Вилијамс

бијонсе кинг ричард
Фото: Принтскрин / Instagram

„Убаво е чувството да се биде жив“, започнува текстовното видео на новата песна на Бијонсе, кое воедно е и насловна песна од саундракот на новиот филм „King Richard“. И е нејзина прва песна по повеќе од една година пауза од музичко изразување.

Бијонсе ги „има сите сестри покрај себе“ додека создава песна која легендарно ќе го одбележи биографскиот филм за сестрите кои го одбележаа светот на тенисот. Пејачката создаде музичка песна која совршено ги отсликува слоевитоста, хармонијата, интригантноста и ударноста, но и борбата на потемната кожа на приказната за Венус и Серена Вилијамс преку музички ноти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Песната беше промовирана на истиот ден од премиерата на овој допрва легендарен филм „King Richard“, кој спротивно на претпоставеното, не зборува за англиската историја туку за семејната борба на две од најголемите светски тенисерки на денешницата и нивниот татко Ричард, кој на филмското платно го претставува Вил Смит.

Соло песната, која Бијонсе ја создаде со продуцентот и текстописец Диксон, веќе започна да „крева прашина“ околу можноста да се закраси со оскаровска титула за Најоригинална Песна, а и громовито ги освои симпатиите на фановите кои нетрпеливо го очекуваат нејзиниот нов албум.

„Бев во студио година и половина. Понекогаш е потребна и цела подина за мене лично за да ги пребарам илјадниците звуци за да пронајдам кој е правилниот кик или добош. Еден рефрен може да има преку 200 наведени хармонии“, изјави Бијонсе во неодамнешно интервју.

Но, сепак, нема ништо повеќе од количината на љубов, страст, и заздравување кое го чувствува таа во самото студио за снимање, а и по 31 година чувствува подеднаква возбуда како и кога имала само 9 години.

„Да, нова музика надоаѓа“, додаде Бијонсе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот