ВИДЕО | Поранешниот партнер на Клои Кардашијан направил вазектомија: „Ако повторно имам деца, ќе бидат со тебе“
Клои Кардашијан откри дека успеала да го убеди својот поранешен партнер, кошаркарот Тристан Томпсон, да направи вазектомија.
Препорачано
За време на гостувањето на Томпсон во нејзиниот поткаст „Клои во земјата на чудата“ (Khloé in Wonder Land), поранешната двојка отворено разговараше за родителството, нивната врска и идните планови за проширување на семејството.
Кога Клои го прашала дали размислува да има уште деца во иднина, Томпсон одговорил дека моментално тоа не му е во план.
„Мислам дека потпишав за два ембриони. Ако некогаш имам уште деца, тоа би било преку тебе. Веќе имам доволно мајки на моите деца. Не ми требаат повеќе“, рекол тој.
Покрај децата што ги има со Клои, ќерката Тру и синот Тејтум, Томпсон е татко и на уште два сина од претходни врски.
Кардашијан потоа открила дека токму таа имала клучна улога во неговата одлука да направи вазектомија.
„Јас ти помогнав да ја донесеш таа одлука. Да речеме дека Тристан доби мал ултиматум од мене“, рекла таа низ смеа.

Иако на почетокот не бил воодушевен од идејата, Томпсон признал дека со текот на времето сфатил дека станува збор за правилна одлука.
„Понекогаш треба некој да те натера да ја донесеш вистинската одлука“, изјавил кошаркарот.
Сепак, можноста за нови деца не е целосно исклучена. Клои откри дека пред интервенцијата биле зачувани негови примероци од сперма, доколку во иднина тој посака да има деца со друга партнерка.
„Му реков: што ако еден ден се ожениш со жена која нема деца, а сакаш да имаш семејство со неа? Затоа зачувавме сперма“, објаснила Кардашијан.
Поранешната двојка се раздели во 2021 година, по серија скандали и неверства од страна на Томпсон. И покрај тоа, тие денес одржуваат коректен однос и заеднички се грижат за своите две деца.


