Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Кливленд по третпат го одбрани домашниот терен, Торонто нема право на грешка

Денис Шрудер постигна 11 од своите 19 поени во последната четвртина, Еван Мобли погоди две клучни тројки во завршницата и го заврши натпреварот со 23 поени, а Кливленд кавалирс по пресврт ги победија Торонто репторс со 125:120 во петтиот меч од првата рунда во НБА плејофот.

Кливленд сега води во серијата со 3:2, а шестиот натпревар ќе се игра во петок навечер во Торонто.

Џејмс Харден постигна 23 поени, додека Донован Мичел додаде 19 за победничкиот тим. Најефикасен играч во тимот на Торонто беше Ар Џеј Барет со 25 поени, Џејкоб Волтер додаде 20, а Џамал ​​Шид имаше 18 поени од клупата.

Ол-стар напаѓачот Брендон Инграм го напушти натпреварот во втората четвртина поради повреда на десната нога.

Во конференциското полуфинале на Истокот, Кливленд или Торонто ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Детроит и Орландо, а таму моментно водат играчите на тренерот Џамал Мосли водат со 3:2 во серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот