ВИДЕО | Кливленд намали во серијата против Детроит, Лејкерси пред елиминација
Кошаркарите на Кливленд кавалирс ги победија Детроит пистонс со 116:109 дома во третиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата и ја намалија разликата во серијата на 2:1 во победи. Кливленд, кој е непоразен дома во овогодинешните плејоф натпревари на НБА, го предводеа Денис Мичел со 35 поени и Џејмс Харден со 19, вклучувајќи седум во последните две минути од натпреварот.
Препорачано
Најдобар играч на Детроит беше Кејд Канингем, кој забележа трипл-дабл со 27 поени, 10 скока и 10 асистенции. Четвртиот дуел, во серијата на четири победи ќе се игра за два дена, исто така во Кливленд.
Оклахома убедливо го совлада ЛА Лејкерс со 131:108 во третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција. По неизвесно прво полувреме, актуелните шампиони целосно доминираа во остатокот од натпреварот. Ги предводеа Аџај Мичел со 24 поени и 10 асистенции и Шеј Гилџес-Александер со 23 поени и девет асистенции.
За Лејкерси, кои сè уште се без својот најдобар играч, повредениот Лука Дончиќ, Руи Хачимура со 21 и Леброн Џејмс со 19 поени беа први стрелци.
Оклахома води во серијата со 3:0, а следниот натпревар е за два дена повторно во Лос Анџелес.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
18мин
-
22мин
-
26мин
-
31мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


