ВИДЕО | Ќерка на израелска министерка е мртва, тврдеше дека од дете ја злоставувале во ритуали
Шошана Строк ги обвинувала родителите за злоупотреби и обиди да ја „преобратат“ во хетеросексуалка, поради што стравувала дека ќе биде убиена
Шошана Строк (34), ќерка на израелската министерка за национални мисии Орит Строк, беше пронајдена мртва во својот дом во северен Израел, објавија светските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нејзината смрт доаѓа откако таа во последните месеци јавно изнесе сериозни обвинувања против своите родители и братот, тврдејќи дека била систематски сексуално и ритуално злоставувана уште откога била мало девојче. Околностите на нејзината смрт сè уште не се разјаснети, според израелските медиуми.
Шошана Строк тврдеше дека од две и пол години, нејзините родители ја принудувале да учествува во ритуали за време на кои била злоставувана, дрогирана и хипнотизирана. Таа исто така го обвини нејзиниот татко дела сексуално ја експлоатирал за пари од нејзина 13-годишна возраст.
Покрај тврдењата за сексуално насилство, таа зборуваше и за таканаречената „конверзиона терапија“ и ритуалите со кои, според неа, семејството се обидувало да го избрише нејзиниот лезбиски идентитет и да ја „преобрати“ во хетеросексуалка.
Во една од објавите, Строк опиша ритуали во кои, како што тврди, хомосексуалци и деца ги ставале рацете на нејзините гради за таа да „сфати дека ја привлекуваат мажи“, а тие – „дека ги привлекуваат жени“.
Таа ги сподели своите искуства на социјалните мрежи, признавајќи дека нејзините сеќавања и вознемиреност поврзани со прераскажувањето на траумите биле исклучително интензивни.
Кратко пред нејзината смрт, Шошана објави порака во која кажува дека нема самоубиствени мисли. Нејзината пријателка рекла дека немала намера да изврши самоубиство, но дека се плаши дека некој може да ја убие.
Оваа информација ја пренесе израелскиот новинар Сефи Рахлевски, познат по неговото критичко известување за ортодоксниот јудаизам.
„Според лицето кое било во контакт со Шошана и разговарало со неа претходниот ден, таа постојано велела дека се плаши дека може да биде убиена“, рекол Рахлевски.
Шошана претходно ги цитирала зборовите на друга жртва на ритуално злоставување:
„Злоставувачите се адвокати, рабини, моќни луѓе… луѓе кои можат да направат да исчезне секој од нас. Ако ви кажат дека сум извршила самоубиство – не верувајте во тоа. Јас постојам и имам намера да останам.“
Според „Џерусалем пост“, Шошана е пронајдена мртва во нејзиниот дом, но деталите за нејзината смрт сè уште не се објавени.
Нејзината мајка, министерката Орит Штрок, ја потврди веста на Фејсбук, пишувајќи:
„Со тешко срце ја објавувам смртта на нашата сакана ќерка, Шошана.“
Објавата беше проследена со пораки со сочувство од израелски министри и јавни личности. Министерката за финансии Безалел Смотрих рече дека користењето на оваа трагедија за политички напади би било „одвратно и гнасно“.
Полицијата потврди дека истрагата е во тек, но официјалната причина за смртта сè уште не е објавена. Поради високата политичка позиција на нејзиното семејство и сериозните обвинувања што ги изнесе претходно, властите пристапуваат кон случајот со посебно внимание.
🚨RITUALISTIC SEXUSAL ABUSE OF ISRAELI MINISTER’S DAUGHTER CONTINUES
Shoshana Strock, daughter of Minister Orit Strock, February 28:
“I grew up in the Jewish settlement of Hebron. Starting from age 2.5, my parents took to my to pedophile rituals, in which I’ve been programmed,… https://t.co/ldLpDFSaN2 pic.twitter.com/T4MgxwyXxU— B.M. (@ireallyhateyou) March 6, 2026
ВИДЕО | Нетанјаху објави видео во кое ги демантира и исмејува гласините за неговата смрт


