ВИДЕО | Нетанјаху објави видео во кое ги демантира и исмејува гласините за неговата смрт
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес објави видео во кое ги исмева теориите на заговор на социјалните мрежи дека е убиен во ирански напад, велејќи дека е жив и ги повикува граѓаните да продолжат со своите секојдневни активности со претпазливост.
Препорачано
Во видеото, кое е снимено во некое кафуле, Нетанјаху нарачува кафе и вели: „Умрев… за кафе“, користејќи вообичаена хебрејска фраза што се користи за да се нагласи дека некој многу сака нешто, објаснува „Тајмс оф Израел“.
אומרים שאני מה? צפו >> pic.twitter.com/ijHPkM3ZHZ
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) March 15, 2026
„Го сакам мојот народ до смрт“, додаде израелскиот премиер, нагласувајќи дека е горд на начинот на кој граѓаните се однесуваат во сегашната ситуација.
Нетанјаху ги крена двете раце во видеото и покажа дека ги има сите десет прсти, откако се појавија гласини дека неговата прес-конференција во четвртокот всушност била видео генерирано од вештачка интелигенција.
Некои профили на социјалните мрежи тврдеа дека видео објавено на мрежите го прикажува Нетанјаху со шест прсти на едната рака. Во своето обраќање на видеото, израелскиот премиер ги повика граѓаните да ги напуштат своите домови и да вдишат свеж воздух, но да останат блиску до засолништата.
САД и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во она што беше објавено како превентивни напади, кои дојдоа откако неколку рунди разговори за нуклеарната програма на Иран не успеаја. Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ Блискиот Исток, пренесува Танјуг.


