ВИДЕО | Ќе ве насмее до солзи: Ова е најсмешната сцена во историјата на ситком сериите

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Ситком сериите се секогаш одличен повод да се забавуваме и релаксираме, најмногу бидејќи лесно можеме да се пронајдеме во животните ситуации на ликовите. Често дел од смешните сцени остануваат долго во нашата меморија, а кога ќе се присетиме истата сцена повторно ќе не расположи.


Сцената од серијата „Сплетки“, во која Дел Бој пропаѓа низ отворен шанк, е избрана за најсмешната во британските серии на сите времиња.

Станува збор за сцената во која Дел Бој (Дејвид Џејсон), за време на едно вечерно излегување, се потпира на шанкот – кој во меѓувреме е подигнат, без тој да забележи – и паѓа на подот. Во исто време, неговиот пријател Тригер (Роџер Лојд Пак) не ни регистрира што се случило, пренесува NME“.

Две илјади Британци ја изгласаа таа сцена за најсмешна во анкетата што ја спроведе телевизискиот канал Голд по повод 30-годишнината од постоењето.

Истата анкета откри и дека „Сплетки“ е омилена серија на островот со 29 отсто гласови, додека Дел Бој е убедливо омилен лик со дури 59 отсто гласови.


Минатата година сцената со отворениот шанк беше прогласена за најсмешна во серијата „Сплетки“, во анкетата на „Рејдио тајмс“, по повод 40-годишнината од популарниот ситком.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот