ВИДЕО | Ќе ве насмее до солзи: Горили од Зоолошката градина во Лондон бегаат и се кријат од дождот

Фото: Принтскрин / ТикТок

На социјалните медиуми се прошири видео каде е забележан урнебесниот момент во кој две горили од Зоолошката градина во Лондон, бегаат од поројниот дожд, додека очајнички се обидуваат да најдат засолниште.

Во позадина на видеото, кое беше објавено на ТикТок може да се слушне гласното смеење на посетителите во оваа зоолошка градина, кои ја имаа среќата да се сведоци на овој смешен настан.

Желни да се заштитат од дождот, горилите неверојатно брзо трчаат околу нивното живеалиште во зоолошката.

Можеби уште поинтересно е тоа што, еден од мајмуните зграпчи нешто што личеше на јакна за да си го заштити крзното од дождот. Другиот мајмун може да се види како фаќа големо зелено растение – веројатно неговиот ручек – во едната рака, додека со другата рака ја покрива главата.

Урнебесното видео ги насмеа гледачите до солзи, а еден корисник се пошегува: „Јас, откако ќе ја исправам косата“.

Ова видео, досега е прегледано 33 милиони пати и собра над 23.000 коментари, а разиграното дуо очигледно и понатаму ќе ги остава луѓето насмеани.

Во продолжение погледнете го видеото:

@mollyelizah you’re welcome. #londonzoo #zsllondonzoo #fy #fyp #foryou #fypage #foryoupagе #foryourpage ♬ Laughing – Gianluca Marino

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот