ВИДЕО| Кина се соочува со рекорден број новозаболени од Ковид, болниците пред колапс

Ковид КИна Макао фото EPA-EFE/WU HONG

Дека ситуацијата со коронавирусот во Кина е критична, индиректно признаа и самите власти, со соопштувањето дека во декември од вирусот починале 60.000 луѓе, иако првично имаше тврдења дека станува збор за 37 лица. Покрај тоа, планот е да се цензурираат социјалните мрежи, за да не се шири паника, а тоа беше еден клип од Твитер кој го загрижи светот.

Станува збор за видео од надзорните камери на една болница, на кое се гледаат условите под кои работат вработените. Една од медицинските сестри, која работи повеќечасовни смени, паднала на подот од умор и исцрпеност.

Ова не е изолиран случај, имајќи предвид дека здравствениот систем е во лоша состојба поради експлозијата на инфекции со Ковид, јавува Си-Ен-Ен.

Кина објави дека од декември до средината на јануари во оваа земја починале повеќе од 60.000 луѓе.

Она што ја прави оваа бројка уште посериозна е тоа што според компанијата за здравствени прогнози „Airfinity“ ,постојат разумни сомневања дека оваа бројка е всушност десет пати поголема – дека 600.000 луѓе починале како резултат на инфекцијата.

кина ковид принтскрин јутјуб

Во текот на изминатите неколку дена, на Интернет се појавија низа искуства на оние кои биле заразени или познавале некој што е заразен откако Кина ги олабави мерките против корона вирусот.

Тие сведочеа за состојбата во кинеските болници која наликува на пекол, немањето кревети за пациентите во нив, заморот на лекарите кои се принудени да работат неколку дена без престан , како и општиот недостиг на лекови.

Сепак, владејачката Комунистичка партија останува пречувствителна на критиките кои доаѓаат од Запад за нејзиниот одговор на епидемијата и обвинувањата дека не е транспарентна со податоците.

Раните предупредувања на дел од лекарите во Кина за избувнување нова епидемија од Ковид, Пекинг ги отфрли како неоснована паника.

Најновите извештаи за масовната епидемија по укинувањето на ограничувањата Пекинг ги нарече „координиран напад врз Кина“ .

Исто така, здравствените власти тврдат дека сегашниот бран на инфекции го достигнал својот врв, но ги предупредуваат граѓаните и на можни зарази поради кои не треба да ги посетуваат постарите роднини доколку не е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот