ВИДЕО | Ким Кардашијан изненади со драстична промена на изгледот: Се појави со кратка пикси фризура на Модната недела во Париз
Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан изненади со драстична промена на изгледот кога се појави на модната ревија на „Мезон Марџиела“ во Париз, пишува „Вог“.
Препорачано
View this post on Instagram
Имено, Ким драстично го промени својот стил и се појави на модната ревија на „Maison Margiela“ во Париз со пикси фризура. Нејзината долга коса, која е нејзин заштитен знак со децении, ја замени со кратка коса.
View this post on Instagram
Стилот е очигледно инспириран од класичниот изглед „gamine pixie“ на француските икони како Лесли Карон и Одри Тоту. Нејзиниот фризер, Крис Аплтон, ја нарече трансформацијата „париски пикси“.
На ревијата на „Мезон Марџиела“, Ким носеше сив капут во комбинација со црна панделка од ѓердан, создавајќи софистициран и елегантен изглед.
View this post on Instagram
За ревијата на Алаја, таа избра долг фустан без прерамки со структуриран корсет, во комбинација со црно крзнено палто, ракавици и сребрени обетки.
Со оваа трансформација, Кардашијан потсети на нејзината мајка, Крис Џенер, која често носи слична пикси фризура.
View this post on Instagram


