Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Киксот на Бејиндир Јунајтед скапо го плати: Арсенал славеше на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед со пораз ја започна новата сезона во Премиер лигата и тоа на домашен терен против Арсенал (0-1), но за разлика од многу претходни дерби средби во последните години, „црвените ѓаволи“ овојпат оставија далеку посилен впечаток.

Избраниците на тренерот Аморим одиграа далеку поорганизирано и со повеќе самодоверба, навестувајќи дека оваа сезона би можела да биде различна. За ривал имаа тим кој влегува во сезоната со шампионски амбиции, но не дозволија да бидат надиграни.

Победата на „топџиите“ ја донесе Калифиори уште во 13. минута, по еден корнер и слаба интервенција на голманот Бејиндир, кој погрешно ја процени ситуацијата.

Во продолжение од натпреварот, Јунајтед го презеде темпото. Куња ја погоди стативата, а Мбуемо и Бруно Фернандеш постојано вршеа притисок врз одбраната на Арсенал. Одличен беше и Доргу, кој исто така беше закана. Најголемото засилување, Бенјамин Шешко, го започна натпреварот од клупата, а шанса доби во 65. минута наместо Мејсон Маунт.

И покрај поразот, Јунајтед не разочара и прикажа игра која ветува повеќе од она што фановите го гледаа во минатата сезона. Во следното коло, „црвените ѓаволи“ ќе му гостуваат на Фулам, додека Арсенал ќе го пречека Лидс на „Емирати“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот