ВИДЕО | Кејт Мидлтон со неверојатно изненадување: Погледнете како нејзините скриени таленти го осветлуваат овој Божиќ

кејт мидлтон
Фото: Принтскрин / Instagram

Изненадување! Кетрин, војвотката од Кембриџ, или Кејт Мидлтон, ги покажа своите вештини во ново топло божиќно видео.

39-годишната идна кралица се појавуви во тизер видео објавено на социјалните мрежи порано оваа вечер, со што го најави видеото кое следеше и ги изненади сите.

Судејќи според клипот тизер, Кејт изненади со седнување зад пијано во Вестминстерската опатија, почнувајќи да свири!

„Вечерва“, пишуваше натписот едноставно, придружен со емотикони во форма на клавирски дирки и музички ноти, и хаштагот #TogetherAtChristmas.

Кејт започнала да зема часови по пијано кога била млада.

Набргу по појавувањето на тизерот беше промовиран настапотна војвотката, која се појави на специјалното издание на „Royal Carols: Together At Christmas“ заедно со шкотскиот пејач и текстописец Том Вокер.

Заедно, двајцата ја изведоа „За оние кои не можат да бидат овде“ во „The Chapter House“ во Вестминстерската опатија.

Шоуто беше божиќен сервис кој „се однесуваше на тешките изминати 18 месеци за луѓето низ нашата нација, а особено за оние кои можеби се поранливи, изолирани или имаат ограничен пристап до поддршка“.

Специјалното издание беше одржано за да им се оддаде почит на оние кои се бореле за време на пандемијата, како и да ги прослават „поединците и организациите кои извршија инспиративни дела на љубезност и неверојатни подвизи за да им помогнат на оние на кои им е потребно во нашите заедници“.

Погледнете го целиот настап на Кејт Мидлтон во придружба на Том Вокер, во изведба на „For Those Who Can’t Be Here“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот