ВИДЕО | Карлос Алкараз се повреди во Токио
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повреди на почетокот од турнирот во Токио, Јапонија, што предизвика голема загриженост кај неговиот тим и навивачите.
Препорачано
Младиот ас се соочи со Аргентинецот Себастијан Баез во првото коло и го отвори мечот многу добро, водејќи со 2:0 во гемови, но набрзо се случи пресврт што никој не сакаше да го види.
Откако го испушти својот сервис, Алкараз почувствува болка и побара медицински тајм-аут.
Иако на почетокот изгледаше дека станува збор за мала непријатност, изразите на лицето на Шпанецот јасно покажаа сериозна непријатност.
Медицинскиот тим веднаш реагираше и му пружи помош покрај теренот.
Овој развој на настаните ги загрижи сите што го следеа неговиот настап во Јапонија со големи очекувања, бидејќи евентуалното подолго отсуство би можело да ги наруши неговите планови за крајот на сезоната и подготовката за претстојните турнири.
Алкараз сепак успеа да го продолжи мечот и на крајот славеше со 2:0 во сетови 6:4 и 6:2 против Баез.
🚨 Alcaraz in serious discomfort
Doesnt look good. Achiles?pic.twitter.com/uBAU6HVsXQ
— Tennis Masterr (@tennismasterr) September 25, 2025
Преземено од: Спорт.ком.мк


