Кенан Јилдиз/Juventus

ВИДЕО: Јувентус со четири гола во второто полувреме го прегази најслабиот тим во Серија А

Фудбалерите на Јувентус вечерва славеа убедлива победа над Пиза која ја совладаа со 4-0, а сите четири погодоци „старата дама“ ги постигна во второто полувреме.

Тимот кој е последен на табелата во Серија А и многу веројатно следната сезона ќе се врати во Серија Б најголемата прилика ја пропушти во петтата минута кога беше погодена стативата од голот на Перин.

Во продолжение Јувентус ја презема иницијатива, меѓутоа во првите 45 минути отпорот на домаќините не беше скршен. Резултатот по едно нафрлување на Јилдиз го отвори Камбијасо во 54. минута, десет минути подоцна Турам се погрижи за 2-0. Дека бодовите остануваат во Торино стана јасно на 15 минути пред крајот кога Јилдиз постигна убав погодок за 3-0.

Конечниот резултат во последните моменти од средбата го постави Жереми Бога.

ВИДЕО: Сакамака со два гола во четири минути ја спаси Аталанта од пораз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот