Антонио Скамака/Atalanta F.C

ВИДЕО: Скамака со два гола во четири минути ја спаси Аталанта од пораз

Екипата на Аталанта во драматичен финиш избегна пораз на домашен терен и одигра 2:2 против Удинезе во натпревар од 28. коло во Серија А.

Гостите од Удине долго време беа поблиску до победата откако дојдоа до предност од два гола. Првиот гол го постигна Кристенсен, а во второто полувреме водството го зголеми Кејнен Дејвис кој се погрижи за 2-0.

Сепак, домаќините од Бергамо не се предадоа и во последните петнаесетина минути успеаја да се вратат во игра. Главна фигура во пресвртот беше напаѓачот Џанлука Скамака, кој со два брзи погодоци во 75. и 79. минута донесе израмнување и спречи пораз на својот тим.

По ова реми, Аталанта останува на седмото место на табелата со 46 бодови, додека Удинезе се наоѓа неколку позиции подолу и има десет бода помалку од денешниот противник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот