ВИДЕО| Јорданците и Либанците маршираат кон Палестина за поддршка на судирите на Западниот брег

Фото: Миа

Јорданците ја пресекоа оградата и влегоа во Палестина, со цел да им дадат поддршка на луѓето таму, бидејќи тие веруваат дека Израел е непријател.

Ситуацијата на Блискиот исток се вжештува, па Јорданците во голем број ја преминуваат границата и се движат кон палестинската територија, а од правецот на Либан, групите влегуваат во Израел. Голем број Арапи се собираат како поддршка на Палестинците.

Според „Ерусалим пост“, десетици луѓе носеле палестински и либански знамиња, како и знамиња на Хезболах.

Јорданците ја пресекоа оградата и влегоа во Палестина, со цел да им дадат поддршка на луѓето таму, бидејќи тие веруваат дека Израел е непријател.

Според социјалните мрежи, „тие сакаат да ја зачуваат честа и светоста на џамијата Ал Акса“.

На некои снимки, може да се забележат поголеми групи на луѓе кои трчаат кон границата.

Исто така, денес на Западниот брег избија судири меѓу Палестинците и израелските сили.

Беа одржани демонстрации за поддршка на Хамас, а според извештаите на медиумите, најмалку 6 Палестинци биле убиени, објави ИД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот