Фото. Denver Nuggets

ВИДЕО: Јанис сам не можеше, Денвер и со резервите славеше над Милвоки

Екипата на Денвер на домашен паркет го совлада Милвоки бакс со 108-104, запишувајќи ја четвртата победа по повредата на Никола Јокиќ, кој се здоби со хиперекстензија на коленото.

Иако покрај српскиот ас, тренерот на тимот од Колорадо не можеше да смета ниту на Кам Џонсон, Џамал Мареј, Кристијан Браун и Јонас Валанчиунас, Нагетс повторно покажаа карактер и квалитет. Малкумина веруваа дека Денвер може да има позитивен скор во вакви услови, што на победата ѝ дава уште поголема тежина.

Од стартната петорка, единствено Арон Гордон беше на располагање и ја искористи шансата на најдобар можен начин. Тој натпреварот го заврши со 23 поени, а токму неговите погодоци од линијата за слободни фрлања во финишот го потврдија триумфот. Најефикасен во редовите на Денвер беше Тим Хардавеј Јуниор со 25 поени.

Важна улога одигра и Пејтон Вотсон, кој Дејвид Аделман го користеше како алтернативно решение на позицијата што вообичаено ја покрива Јокиќ. Вотсон беше моторот во креирањето на играта, отворајќи простор за шутевите на Хардавеј и завршниците на Гордон под кошот, додека сличен придонес од клупата даде и Брус Браун.

Кај Милвоки, Јанис Адетокумбо го заврши натпреварот со 31 поен, 11 асистенции и осум скока, но повторно остана без вистинска поддршка од соиграчите. Мајлс Тарнер додаде 16 поени, Еј Џеј Грин и Боби Портис по 14, Кајл Кузма 11, а Кевин Портер 10.

Сакраменто – Хјустон 111-98
Голден Стејт – Атланта 111-124
Денвер – Милвоки 108-104
Феникс – Вашингтон 112-93
Минесота – Сан Антонио 104-103
Оклахома – Мајами 124-112
Портланд – Њујорк 114-123
Торонто – Филаделфија 116-115
Мемфис – Бруклин 103-98
Орландо – Њу Орлеанс 128-118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот