ВИДЕО: Јаховиќ постигна гол во ремито против Фенербахче

адис јаховиќ
Втор гол сезонава за Адис Јаховиќ во дресот на Гезтепе во турскиот шампионат/Фото: facebook.com/Goztepe/goztepe.org.tr

Денеска во рамките од 14 коло во најсилното турско првенство екипата на Гезтепе ремизираше на домашен терен против Фенербахче со резултат 1:1.

По првото полувреме водеше домаќинот со голот на македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ во 40 минута од средбата.

На стартот од вториот дел гостите успеаја да израмнат преку Сердар Дурсун после асистенцијата на Ирфан Кахвеџи.

Нашиот играч кој го постигна вториот гол сезонава во шампионатот играше до 83 минута кога беше заменет од Шериф Ндиаје.

На табелата Гезтепе е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 11 бодови, додека Фенер во чии редови настапува и поранешната ѕвезда на Арсенал, Месут Озил, се наоѓа на четвртото место со 24 бодови, 12 помалку зад водечкиот Трабзонспор.

Видео на денот