ВИДЕО | Ја тепал со каиш и ја буткал по скали — Шерон Стоун за односот со татко ѝ
Славната холивудска актерка Шерон Стоун имала тешко детство исполнето со физичко насилство, за кое пишуваше во автобиографијата „Убавината да се живее двапати“, но и често зборува во јавноста.
Препорачано
Сега, Стоун отворено зборуваше за својот однос со татко ѝ во новата епизода од подкастот „Лицето кое веруваше во мене“, водена од дописникот на „Си-би-ес“, Дејвид Бегно.
Актерката раскажа дека татко ѝ често ја казнувал со ремен, а понекогаш дури и ја буткал по скалите пред да продолжи со тепањето.
– Татко ми беше доста фантастичен човек, навистина супер емпатичен. Беше толку софистициран, жилав, паметен и кул – му рекла Стоун на Бегно во епизодата.
Сепак, таа вели дека тој не бил секогаш нежен.
– Беше построг кон мене отколку кон мојот помлад брат – рекла Стоун.
Сепак, кога имала 14 години, решила да му се спротивстави, затоа што, како што вели таа бил „тепач“.
– Татко ми викаше од приземјето да се симнам. Знаев што следува. Почнав полека да се симнувам по скалите. Се симнував како кралица на Франција – се присетила актерката.
Кога стигнала пред него, му се втурнала во лицето и го прашала дали навистина мора да ја тепа за да се чувствува како маж.
– Ако ти е тоа потребно, тогаш ајде да завршиме со тоа. Но, јас никогаш повеќе нема да те сакам. Завршив со тебе – му рекла таа.
Нејзината реакција целосно го затекнала нејзиниот татко, кој наместо да ја удри, почнал да плаче.
– Плачеше. Ми кажа: „Оди во соба!“ И никогаш повеќе не удри никого. Почнавме да зборуваме и станавме навистина блиски – открила Стоун.
Таа открила и дека во текот на нејзиниот живот и кариера, нејзиниот татко станал нејзин најблизок доверлив човек.


