ВИДЕО | Израелската армија бомбардираше подземен борбен комплекс на Хезболах

Израелската војска (ИДФ) објави дека уништила „70 позиции на Хезболах“ во областа Бинт Џбеил во Јужен Либан, по вчерашниот напад на израелските командоси.

Припадници на единицата командоси „Егоз“ извршија напад врз Аинат, населба веднаш до Бинт Џбеил, која ИДФ ја опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах.

Како што пренесуваат медиумите војниците во посочената локација наводно пронашле бројно оружје, вклучувајќи рачни ракетни лансери, автоматски пушки, гранати, противвоздушни ракети и друга опрема.

Во меѓувреме, израелската војската информираше дека припадниците на единицата командоси „Маглан“ убиле „бројни оперативци на Хезболах“ во областа.

По завршувањето на пребарувањето, израелските сили „уништиле приближно 70 терористички инфраструктури за само една минута“, соопшти ИДФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот