Фото: Screenshot

ВИДЕО: Италијанец со хорор пад на скокалницата во Викерсунд можеби ја заврши кариерата

Австриецот Штефан Ембахер блесна на отворањето на натпреварувањата во Викерсунд, триумфирајќи со импресивни скокови од 232 и 225 метри. Зад него се пласираа Томофуми Наито и Норвежанецот, Јохан Андре Форфанг, додека младата надеж Исак Лангмо заврши на четвртата позиција.

Во топ пет се најде и шампионот Домен Превц, кој со овој настап успеа да ја надмине границата од 2.000 бодови во сезоната, потврдувајќи ја својата константна форма.

Сепак, покрај резултатите од настанот вниманието го привлече и страшниот пад на Андреа Кампрегер. Италијанскиот натпреварувач доживеа вистински кошмар на тренингот, откако ја загуби контролата и падна уште на 80-метарската линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pod Narty (@podnarty)

Кампрегер веднаш беше пренесен во болница, а првичните информации се дека се здобил со потешки повреда. Според најавите, оваа несреќа би можела да значи и предвремен крај на неговата кариера, особено ако се земе предвид дека и претходно најави повлекување по настапот на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот