Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Ирански дрон разнесе хотел во Ирак

Ирански дрон денеска го погоди хотелот „Ербил Арџан бај Ротана“ во ирачкиот регион Курдистан. Новинари од терен јавуваат за експлозија и чад што се издига над зградата во Ербил, пишува Франс прес.

Американската амбасада во Багдад претходно денеска предупреди дека милитантни групи поврзани со Иран би можеле да извршат напади врз хотели во ирачки Курдистан кои ги посетуваат странци. Предупредувањето беше објавено на социјалната мрежа Икс.

Претходно денеска, со дронови беше погоден камп на организацијата Хабат од ирански Курдистан, курдска група со седиште во ирачката автономна регија Курдистан. Извршени се два напада со дронови во кои се повредени две лица.

Борци од таа група изјавија дека нападот целосно ги изненадил. Тие не веруваат дека дронот е лансиран од Иран, туку сметаат дека за нападот се одговорни групи во Ирак кои се поврзани со Иран.

Додадоа дека не биле во контакт со Американците ниту со Израелците, ниту пак добиле поддршка од нив, но тврдат дека се подготвени да покренат копнени операции.

Политичкото раководство во северен Ирак има поинаков став. Претседателот на ирачката автономна регија Курдистан, Нечирван Барзани, порача дека ирачки Курдистан нема да учествува во никаков конфликт ниту во воена ескалација.

Курдите во состојба на готовност: Дисидентски групи од Ирак се приближуваат кон границата со Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот