ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Арсов: Кубуриме со предконцепсиски скрининг – проверка дали сте носител на ген што може да го засегне и потомството

Проф. Др. Тодор Арсов / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Ние сите сме носитли на многу работи во нашиот геном. Нашиот геном е напишан со седум милјарди букви, меѓусебно се разликуваме за околу 5-6 милиони букви, вели проф. д-р Тодор Арсов, генетичарот кој го реши случајот со Катлин Фолбиг од Австралија, во интервју за емисијата  „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Арсов: Случајот на Кетлин Фолбиг е тригер дека науката треба да го движи светот напред

И покрај тоа што случајот на Фолбиг е раритет, само кај 75 луѓе во светот е откриена оваа појава, се појавува стравот „дали можеби и јас поседувам некој ген што би му наштетил на моето потсомство “.

Од економски причини не секој може да си дозволи да ги прави овие генетски испитувања, вели Арсов.

– Индивидуално е дали некој сака и може финансиски да одвои средства за да се тестира, бидејќи овие испитувања се скапи. Во нашата земја, но и светот воопшто кубури со предконцепсиски скрининг, проверка за тоа дали сте носител на нешто што може да го засегне и потомството, пред да се случи бременоста или во многу рани фази на бременоста. Многу од тетсовите кои се прават во нашата земја не се прават тука, туку примероците се испраќаат во централни лабаратории во Европа и во светот, објаснува Арсов.

Професорот вели дека пред 20 години генетиката не се користела за превенирање и спречување на трагедија во едно семејство, бидејќи тогаш оваа проблематика била непозната, но денес во многу земји е  активно поле на работа на клиничката генетика и генетското советување, конкретно за срцевите аритмии кои понекогаш знаат изненадно да го убијат човекот.

 

Целиот разговор со генетичарот, проф. д-р Тодор Арсов погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот