Screenshot

ВИДЕО | Шпански и француски хулигани се тепаа со палки пред натпревар од Лига Европа

Минатата ноќ во Виго дојде до пресметка меѓу навивачите на Селта Виго и Лион, екипи кои вечерва треба да го играат својот натпревар во Лига Европа.

На видеата што се појавија на социјалните мрежи се гледа како хулиганите користат палки и други тврди предмети за да се пресметаат на улица. Локалните медиуми јавуваат дека тројца навивачи се повредени и веднаш се пренесени во болница.

Инцидентот се случил пред познат ноќен клуб, каде околу 50 фанови на Селта ги барале француските навивачи и потоа ги нападнале со палки, предизвикувајќи хаос на улиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот