ВИДЕО | Импресивен вокал: Погледнете ја првата проба на Тамара Грујеска на детската Евровизија

Фото: Инстаграм/Тамара Грујеска

Вечерва беше објавена кратка снимка од првата проба на нашата годинашна претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска.

Нашата музичка надеж блесна на големата евровизиска сцена и имаше импресивна вокална интерпретација, покажувајќи мал дел од она што ќе нѐ очекува во големото финале, кое ќе се одржи во недела, на 26 ноември, со почеток од 16 часот.

Како потсетување, Тамара Грујеска ќе ги брани боите на Македонија со моќната балада „Кажи ми, кажи ми кој“, чиј композитор е Роберт Билбилов. Текстот е, исто така, дело на Билбилов, но и на Коста Петров, кој ја напиша и најуспешната евровизиска песна на Македонија – „Proud“ на Тамара Тодевска. Што се однесува до аранжманот, на него работеше и веќе докажаниот композитор Дарко Димитров.

Нашата претставничка ќе настапи со реден број 6, а годинава учествуваат 16 земји учеснички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот