ВИДЕО | Игор му се „закани“ на Дритон: Животот е суров, не е карбуратор за „голф“

Игор Џамбазов и Дритон Вејсели
Игор Џамбазов и Дритон Вејсели / Фото: Инстаграм, Игор Џамбазов/„Преспав“

Снимањето на телевизиската серија „Преспав“ секогаш поминува со одлична дружба и многу смеење. Така што, не нѐ изненадува тоа дека актерите честопати имаат нивни интерни шеги кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Па така, денес Игор Џамбазов, кој во серијата ја игра улогата на Миле Бузалески, шеговито му се „закани“ на неговиот колега Дритон Вејсели, познат како рецепционерот Талат.

„Се моли лицето Дритон Вејсели, популарниот Талат од „Преспав“, кој ми ги позајми цвикерите за снимањето на спотот за „Жаклина“, најдоцна во рок од 10 дена да дојде до Дојран за да си ги земе лично и персонално. Во спротивно, станарското право над цвикерите преминува во моја сопственост. Животот е суров, не е карбуратор за „голф“…“, стои во описот на видеото кое го објави Игор.

Секако, Дритон веднаш му одговори со коментар на објавата.

„Поскапе горивото, тргам пешки без „голфот“. За девет дена сум таму“, напиша тој.

ВИДЕО | Урнебесно и смешно како што само тие знаат: Екипата на „Преспав“ ѝ го честиташе роденденот на Тијана

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот