ВИДЕО: Ибраими со два гола ја водеше Шкендија до победа над Пелистер
Фудбалерите на Шкендија потешко од очекувањата, но сосема заслужено, стигнаа до три бода против Пелистер славејќи со 2-1 на домашен терен во Тетово.
Препорачано
Гостите го изненадија домаќинот на самиот старт. По само седум минути игра, Спировски најдобро се снајде по една мешаница по корнер и ја затресе мрежата за рано водство на битолчани.
Шкендија веднаш возврати со офанзива и создаде неколку сериозни закани, а израмнувањето пристигна во 21. минута преку искусниот Бесарт Ибраими. До крајот на првото полувреме имаше уште неколку возбудувања, но резултатот остана 1-1.
Во вториот дел херој за тетовци повторно беше Ибраими, кој по нешто повеќе од еден час игра постигна втор гол и донесе целосен пресврт. Пелистер се обиде да се врати во мечот, но немаше доволно сили за нов погодок и избегнување на поразот.
Ова се значајни бодови за Шкендија во пресрет на големото дерби против Вардар, кое ќе се одигра в четврток на терените на ФФМ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


