ВИДЕО I Турскиот претседател се огласи на Твитер: Ердоган со осуда на расистичките навреди на фудбалерите на Башакшехир во Париз
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ги осуди синоќешните навреди на расна основа што четвртиот судија на натпреварот меѓу ПСЖ и Башакшехир ги упати кон член на стручниот штаб во тимот од Истанбул. Тоа беше причина и за прекин на натпреварот на „Паркот на принцевите“ и побарана е интервенција од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Мечот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир беше прекинат во 14 минута кога четвртиот судија на расна основа го навреди членот на турската екипа, Пјер Вебо.
Препорачано

Во настанот без преседан во Лигата на шампионите, фудбалерите на обете екипи го напуштија теренот, а натпреварот одново ќе се одигра утре, со почеток во 19 часот.
ВИДЕО: СКАНДАЛ во Париз, поради расизам прекинат натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир
– Силно ги осудувам расистичките навреди што ги доби Пјер Вебо, член на стручниот штаб на Истанбул Башакшехир и убеден сум дека УЕФА ќе преземе неопходни мерки. Безусловно се противиме на расизмот и дискриминацијата во спортот и во сите сфери на животот, напиша Ердоган на Твитер.



