ВИДЕО: СКАНДАЛ во Париз, поради расизам прекинат натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир

epa08871338 Players of Basaksehir react and leave the pitch during the UEFA Champions League group H soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Istanbul Basaksehir in Paris, France, 08 December 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

По 13 минути игра, фудбалерите на турскиот шампион Истанбул Башакшехир го напуштија теренот на „Паркот на принцевите“ каде играа против ПСЖ, поради навреди на расна основа.

Како главен виновник за инцидентот кој придонесе за играчите на Башакшехир да го напуштат теренот е резервниот судија, Себастијан Колтрену од Романија.

Инцидентот се случи откако беше досуден фаул за ПСЖ, на што бурно реагираа претставниците на турскиот клуб и играчите на клупата. Четвртиот судија од Романија го повика главниот судија, за да му каже кому да го покаже жолт картон, а според присутните, наместо да посочи, тој го навредил Камерунецот Пјер Вебо нарекувајќи го  ala negru“ (ала негру) што во превод значи „оној црнецот“.

Ова го слушна неговиот соиграч Демба Ба и веднаш бурно реагираше, заработувајќи црвен картон.

„Кога се обраќаш на белец не велиш „овој бел играч“, но кога станува збор за Афроамериканец тогаш кажуваш „оној црнецот“, револтирано му рече Демба Ба на резервниот судија.

По случката, играчите на турскиот тим демонстративно го напуштија теренот и не се вратија, а и играчите на ПСЖ заминаа со нив,  во знак на солидарност.

Натпреварот повторно ќе се одигра утре, во 19 часот.

„Иако судијата се правдаше дека не кажал лоша работа на неговиот јазик, мора да внимава што зборува на ваков важен натпревар. Моравме да реагираме вака. Се повлековме во соблекуваната. Ни кажаа дека четвртиот судија е разрешен и дека ќе дојде замена од ВАР собата. Продолживме со протестите. Како резултат на нашата дискусија со УЕФА, мечот ќе продолжи утре. Ќе има нови судии. Ние сме тим, па ако има реакција, тоа го правиме сите заедно. Имавме состанок во соблекувалната и донесовме одлука да постапиме вака“, изјави Мустафа Ерогут,  генералниот извршен директор на клубот од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот