Мбапе им даде поддршка на играчите на Башакшехир

epa08871339 Players of Basaksehir react and leave the pitch during the UEFA Champions League group H soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Istanbul Basaksehir in Paris, France, 08 December 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат во 14. минута поради расистичкиот испад на резервниот судија кој го нарече „црнец“ помошниот тренер на турскиот тим, Пјер Вебо. Играчите на Башакшехир го напуштија теренот и одбија да го доиграат натпреварот.

ВИДЕО: Прекин во Париз, фудбалерите на Башакшехир поради навреда го напуштија теренот

Од турскиот тим и порачаа на УЕФА дека нема да го доиграат натпреварот доколку четвртиот судија кој ги упати навредите кон Вебо остане на теренот.
– Четвртиот судија рече црнец пред сите. Доколку тој се тргне од теренот, ние ќе го доиграме натпреварот. Доклку тој остане, ние не се враќаме – изјави претставникот на Башакшехир, Гоксел Гумусдаг.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Играчите на турскиот тим протестираа кај судиите и бара објаснување по инцидентот, а добија поддршка и од фудбалерите на ПСЖ и заедно го напуштија теренот.
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе им даде и јавно поддршка на фудбалерите на Башакшехир.
„Кажете не на расизмот. Вебо ние сме со тебе“, напиша Мбапе на социјалните мрежи.


Според првичните информации, натпреварот најверојатно ќе продолжи утре од 18.55 часот, но засега нема официјална потврда од УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот