ВИДЕО: И тој беше во шок – Видал се извини поради бруталниот фаул врз Торес

Артуро Видал во „кунг-фу“ стил го повреди Еквадорецот Феликс Торес/Сантјаго, Чиле/16 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Marcelo Hernandez

Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал доби црвен картон на натпреварот од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство против Еквадор (2:0) по само 14 минути игра.

Ова очигледно тешко му падна, па реши на Твитер да коментира за бруталниот фаул кој го направи врз еквадорскиот репрезентативец Феликс Торес.

Видал непотребно во „кунг-фу“ стил го удри противничкиот играч и во уште поголеми проблеми се најде чилеанскиот состав кој веќе беше во негатива од девттата минута на дуелот во Сантјаго.

– Сè уште не можам да верувам. Им се извинувам на моите соиграчи, стручниот штаб, семејството и целата земја. Ќе продолжиме да се бориме до крај – напиша Видал на социјалните мрежи.

Чиле е на шестото место на четири кола пред крајот на квалификациите за Светското првенство, но сепак со реални шанси да игра во Катар на крајот на следната година.

Квалификациите продолжуваат на 27 ноември кога ја пречекува Аргентина, која веќе го обезбеди пласманот на Светското првенство во Катар.

ВИДЕО: Аргентина со реми против Бразил се пласираше на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот