ВИДЕО I Стојановски: Да се овозможи пат на вардаровите ѕвезди за влез во клубот кој би го воделе кон воскреснување

Раководството на Културно-просветно друштво „Вардар“ изразува загриженост поради финансиската криза во која западна фудбалскиот клуб Вардар и се приклучува кон иницијатива на навивачката група „Комити“ за спас на клубот.

– Кризата во Вардар е закана по иднината, па дури и опстанокот на нашиот најголем фудбалски бренд. Фудбалскиот клуб Вардар е најпопуларниот и најсаканиот фудбалски клуб во Македонија со огромен број на приврзаници. Време е таа огромна црвено-црна армија на приврзаници на Вардар да покажеме дека сме во состојба да му помогнеме на нашиот љубимец во можеби најтешкиот момент на неговото суштествување. Не може да дозволиме иднината на Вардар да зависи од добрата волја на поранешниот спонзор на клубот за да ги исплати долговите на клубот. Со тоа ФК Вардар се претвора во своевиден зависник без излез, стои во соопштението на друштвото.

Иницијативата за спас се одвива под мотото „Еден за сите, сите за Вардар“.

– Веруваме дека во нашата иницијатива ќе се вклучат сите негови и наши приврзаници кои Вардар го сметаат како дел од себе, но и сите оние кои го сакаат спортот, спортски ентузијасти, спортски работници, спортски легенди, бизнисмени. Пред да ја започнеме нашата кампања сметаме задолжително да одржиме средба со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и со луѓе од самиот клуб Вардар, како би го прецизирале начинот по кој ќе се спроведува кампањата. Тоа подразбира и медиумска кампања преку изработка на промотивно видео со цел иницијативата да стигне до најголем број на приврзаници на ФК Вардар. И она што е најважно, средствата од дарителската кампања да одат само и единствено за потребите за непречено функционирање на клубот, велат иницијаторите за спас на „црвено-црните“.

Гостин во Утрински брифинг беше Драган Стојановски, член на раководството на Културно-просветно друштво „Вардар“.

– Нашата иницијатива за спас на Вардар опфаќа неколку промотивни видеа за спас за клубот. Би сакале да има инцијативен комитет во кој претседател би бил градоначалникот Шилегов за да овозможи пат за влез на вардаровите ѕвезди во клубот кои би го воделе кон воскреснување. Сите фанови треба да се сплотени и обединети без разлика на верска, политичка, национална определба. Вардар е гордост на секој еден скопјанец, на секој еден Македонец кој живее во оваа држава, вели Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот