ВИДЕО I Се бројат жртвите од земјотресот во Кина: Тресеше и во Мјанмар

Најмалку две лица загинаа во денешниот силен земјотрес во југозападната кинеска провинција Јунан.

Во Јунан денес е регистриран земјотрес со интензитет о од 6,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри. По силниот земјотрес регистрирани се серија помали земјотреси.

Земјотресот е почувствуван и во Виетнам, во Индија, во Лаос и во Мјанмар. Кинеските медиуми наведуваат има релативно мала штета.

Американскиот геолошки институт објави дека јачината на земјотресот во епицентарот бил 6,1 степени според Рихтеровата скала, додека сеизмолошкото биро во Јунан изјави дека големината е 6,4 степени и дека епицентарот е на длабочина од осум километри, пренесе АП.

ВИДЕО: Силен земјотрес регистриран во кинеската провинција Јунан, луѓето бегаа во паника

Бидејќи станува збор за плиток земјотрес, ваквите земјотреси честопати можат да предизвикаат поголема штета, особено во густонаселените области, велат експертите.

Оваа област е поинаку позната како сеизмичка област. Минатата година е регистриран земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа четири лица, а 23 беа повредени, покажуваат податоците на кинескиот центар за земјотреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот