ВИДЕО: Силен земјотрес регистриран во кинеската провинција Јунан, луѓето бегаа во паника

Земјотрес / Фото: Илустрација

Земјотрес со интензитет о од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападната кинеска провинција Јунан.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. По силниот земјотрес регистрирани се серија помали земјотреси.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Оваа област е инаку позната како сеизмичко подрачје. Минатата година е регистриран земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, при што четири лица загинаа, а 23 биле повредени, покажуваат податоците на кинескиот центар за земјотреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот