ВИДЕО: И после една деценија, Роналдињо останува „кошмар“ за Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Бразилската фудбалска легенда иако е во пензија веќе шест години, тој и натаму има магија во нозете…

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, техничар кој ретко се раѓа и идол на многумина, Роналдињо не ја изгубил фудбалската страст на терените.

И вечерва, како и пред претходната деценија, останува вистински „кошмар“ за Реал Мадрид. Вечерва во Тел Авив играат легендите на Барселона и Реал Мадрид, а Каталонците од пенал ги доведе во водство Роналдињо.

Покрај добриот удар од пенал, тој имаше уште неколку добри потези, а по една минијатура погоди во рамката на голот.

Инаку, Барселона мечот го започна во овој состав: Ангој, Хуан Карлос, Деху, Гоикочеа, Деко, Мендиета, Арпон Ривалдо, Савиола и Роналдињо, додека тимот на Реал го водат Луис Фиго и Роберто Карлос како две најголеми sвезди.

Роналдињо го носеше дресот на Барселона во периодот од 2003 до 2008 година, а „Ел Класико“ од 2005 година беше особено запаметен кога комплетниот „Сантијаго Бернабеу“ му аплаудираше на бразилскиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот