ВИДЕО I Поранешен агент на ШИК открива нечуени детали за припадникот на косовската полиција, Фадил Сулевиќ, кој вчера беше пронајден мртов во близина на Приштина: Еве што знаеше и кој се плашеше …

Вчера, припадникот на косовската полиција, Фадил Сулевиќ, кој исто така беше сведок во Специјалниот суд беше пронајден мртов покрај езерото Бадовц, во близина на Приштина.

Поранешниот агент на ШИК, Наим Мифтари за весникот „Бота сот“ тврди дека Сулевиќ бил професионалец кој знаел многу работи, затоа и бил повикан од Специјалниот суд во Хаг.

„Сведокот на Специјалниот суд знаеше многу работи, многу заговори, многу работи му се случија и како полицаец, тој беше професионалец. Го познавам по војната, работев во косовската полиција заедно во станицата 4, тој беше обвинет за многу работи, но тие работи не беа докажани кога УНМИК и ЕУЛЕКС го испитаа, но тој излезе чист, никогаш не беше осуден. Тој долго време имаше добри односи со американската полиција, особено кога работел во антитероризам“, вели Мифтари.

Тој вели дека Сулевиќ бил поврзан и со многу команданти на ОВК.

Косовски полицаец, повикан во Хаг и обвинет за воени злосторства, пронајден мртов кај езерото Бадовц во близина на Приштина

„За време на војната тој беше поврзан со луѓе команданти од ОВК во Ликовц. Тој не работеше во УДБ како што беше обвинет од лалето шарлатан, но пред војната работел во борбата против дрогата во СУП Приштина. Тој еднаш беше уапсен за време на војната од страна на ОВК, областа Лап, што повеќе беше прашање на влијание за областа Голак каде што беше некој вид трка меѓу ОВК на Лап и онаа на Дреница. Откако беше ослободен по апсењето по неколку дена и до крајот на војната беше во униформа на ОВК“, додава Мифтари.

Тој додава дека Сулевиќ имал многу информации за косовските лидери, вклучувајќи го и поранешниот претседател Хашим Тачи.

„По војната го сретнав десетици пати, но знам дека по војната многу пати се сретна со поранешниот претседател, Хашим Тачи. Имаше знаење и информации, но и материјали за многу работи што се случиле пред, за време и по војната. Беше добар човек на тајните служби. Знаеше многу заговори. Многу наши генерали и луѓе од политика па се до претседателот се плашеа од неговите информации и вештини“ објасни Мифтари.

Тој, исто така, се сомнева во начинот на смртта на Сулевиќ, за кој вели дека Специјалниот суд изгубил важен сведок.

Мифтари алармира и дека постои можност за прикривање на убиство, според него секојдневно во денешниот свет се среќаваме со убиства кои се прикриени како природна смрт.

„Наводно поради болест, одлука на судска медицина, тоа е дел од правното прикривање на убиство со утврдување на природна смрт или самоубиство, како што беше случајот со Дино Хасани“, нагласува Мифтари.

„Според мене, Фадил Сулевиќ беше добар истражител, професионалец во безбедносните прашања и тој беше добар човек, иако разни кругови и поединци упатија многу обвинувања против него, но ниту едно обвинение не е докажано“ заклучи за“ Бота сот“, поранешниот агент на ШИК, Наим Мифтари.

Во 2016 година, Рамиз Лладровци, поранешен амбасадор на Косово во Албанија, кој сега е градоначалник на Дренас ( Дреница), исто така го обвини Сулевиќ за вмешаност во случајот Шаља.

Во 2019 година, во интервју за приштинската телевизија Т7, Рустем Мустафа, воен командант на ОВК, потврди дека Сулевиќи го држеле косовските герилски сили за време на војната во 1999 година.

„Сите знаеме дека тој беше член на српската државна безбедност. Го задржав … Сега тој е постар косовски полицаец “, рече тогаш Мустафа.

Хашкиот трибунал во 2011 тврдеше дека нема убиени сведоци поврзани со обвинетите поранешни команданти на ОВК, Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај. Трибуналот во Хаг, во 2011 исто така ги негираше и обвинувањата од српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ дека биле убиени или заплашени над 40 сведоци во судскиот процес против Харадинај и Лимај.

Сепак, меѓу бројните починати и убиени луѓе кои беа на списокот на сведоци се и Беким Кастрати, член на партијата на Ибраим Ругова, кој во октомври 2000 година беше убиен во Скендерај, како и Бесим Дујаку, новинар во приштинскиот весник „Бота сот“.

Портпаролката на Обвинителството, Лаурета Улај, рече дека сè уште е рано да се донесе заклучок за тоа кои се причините за смртта на Сулевиќ . Таа додаде дека  обвинителството го третира случајот како сомнителна смрт.

Во септември 2003 година, убиен е Агим Маколи, исто така припадник на КПС, и поранешен член на ОВК. Во истиот напад Сулевиќ беше ранет.

Сепак и покрај тоа што смртта на Маколи е затворен случај сè уште постојат шпекулации дека токму тој, во близина на болницата во Приштина, го уапсил Агим Маколи, а потоа го убил. Потоа тој предал извештај во полицијата во кој рекол дека нокој ги бркал и при нападот Маколи бил убиен.

Од 4.000 сведоци кои до 2011 сведочеа пред Трибуналот, за околу 1.000 од нив се утврдени мерки за заштита.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот