Џастин Тимберлејк - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Објавена e снимката од апсењето на Џастин Тимберлејк, не му успеа обидот за забрана

Снимка од апсењето на Џастин Тимберлејк од 2024 година, поради возење под дејство на алкохол, конечно стана јавно достапна, иако пејачот претходно се обидувал да го спречи нејзиното објавување, пишува „Си-би-ес“.

Според судски документи, Тимберлејк се согласил да биде објавена скратена и прилагодена верзија од видеото, која не ја нарушува неговата приватност. Снимката е направена откако полицијата го запрела на Лонг Ајленд, каде што престојувал за време на својата турнеја.

На видеото се гледа како Тимберлејк им објаснува на полицајците дека ги придружува пријателите до дома и дека управува со изнајмен автомобил. Кога го прашуваат кој е, тој одговара: „Јас сум Џастин Тимберлејк“. Потоа полицијата го замолува да излезе од возилото за да проверат дали е способен за возење.

За време на теренскиот тест за трезност, тој вели дека задачите се тешки и дека му чука срцето побрзо од вообичаено. На крајот полицаецот заклучува Тимберлејкдека не е во состојба безбедно да управува со возило.

Во автомобилот се наоѓале и неговата пријателка Ести Стенли и нејзиниот сопруг. Таа во еден момент прашува што се случува и нуди да го преземе управувањето со возилото. Подоцна, кога полицијата решава да го уапси, таа  се обидува да помогне, барајќи од полицајците да му излезат во пресрет.

Полицијата потоа го приведува и го носи во станица во Сег Харбор, каде што бил задржан до изведување пред судија. На крај, на Стенли ѝ било дозволено да го преземе автомобилот.

Да потсетиме, Тимберлејк беше уапсен во јуни 2024 година и првично обвинет за возење под дејство на алкохол, како и за сообраќајни прекршоци. Неговиот адвокат тврдеше дека не бил пијан. Подоцна, во септември истата година, бил постигнат договор со судот, при што тој признал полесен прекршок.

Иако се обидел да ја спречи објавата на снимката, наведувајќи дека тоа може да му наштети на угледот, на крајот сепак прифатил да биде објавена верзија прилагодена за јавноста.

 

Џастин Тимберлејк бара забрана за објавување на снимката од апсењето поради возење под дејство на алкохол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот