ВИДЕО I Овој новинар од Ниш стана вистинска сензација на социјалните мрежи: Известуваше за кршење на ковид протоколите, но му се случи нешто што сите ги насмеа

Новинарот од Ниш, Милан Стојановиќ, стана хит поради реакцијата на младите момци кои го вознемируваа при вклучувањето во програмата.

Во цела Србија, кафеаните беа затворени синоќа во 18 часот. Во тоа време дневните забави требаше да завршат, но луѓето продолжија да слават пред кафеаните без да ги почитуваат протоколите за заштита од ковид-19. Репортерот на Н1 во тоа време известуваше каква беше ситуацијата. Тој сакаше да покаже дека комуналната милиција го растерува собирот на луѓе.

Но, неговото влкучување во живо му го попречуваа група млади момци.

Репортерот се приклучи во живо од дел од Ниш што е сличен на Дебар Маало во Скопје, улицата Казанско сокаче. Откако комуналната милиција растури забава во еден бар гостите од прославата го искористија присуството на камерата за да го изразат своето незадоволство.

Додека Милан зборуваше за моменталната состојба во Ниш, група од неколку граѓани постојано го вознемируваа, му влегуваа во кадарот и му се втурнуваа во лицето за да скандираат.

Стојановиќ и покрај се продолжи да известува како ништо да не се случува околу него. Тој дури не се обиде да им каже да се тргнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот