epa08989042 Acting president of the Republic of Kosovo Vjosa Osmani (C) attends an electoral rally of the movement Vetevendosje (Self-determination) in town of Vushtrri, Kosovo, 05 February 2021. Kosovo's early parliamentary elections will be held on 14 February 2021. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

ВИДЕО I Османи за Си-Ен-Ен: Предуслов за унапредување на односите со Србија е правда за жртвите од војната

Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи во интервју за престижната американска телевизија Си-Ен-Ен изјави дека по изборите таа и Албин Курти ќе имаат волја да разговараат со Србија со предуслов да се постигне правда за убиствата што се случија на Косово за време на војната.

Османи, во директен контакт со новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур, зборуваше за изборите на 14 февруари и за процесот на дијалог со Србија, пренесе косовскиот Телеграф.

„Ние официјално ќе победиме по изборите на 14 февруари. За нас беше тешка деценија, успеавме со поддршка на САД да имаме бројни признанија. Србија и покрај воените злосторства сепак ги негира своите злосторства, предуслов за нас е да имаме правда за убиствата на луѓео. Ниту еден од криминалците не е осуден, кога ќе завршат изборите јас и Курти ќе покажеме волја да разговараме со Србија, но светот ја виде вистината на војната. Ние сакаме да одиме напред, бидејќи нашиот народ го заслужува тоа, но предуслов е да се стави правдата на прво место“, рече Османи.

Понатаму, Вјоса Османи зборуваше и за своите цели по вонредните парламентарни избори кои ќе се одржат на 14 февруари.

„Ако ги прашате луѓето од Косово, тие идентификуваат два проблеми: борба против корупцијата и работните места, создавање работни места за младите. Треба да го смениме менталитетот на управување и тоа ќе го сториме веднаш штом се одржат изборите. Нашите идеи се да инвестираме во човечки ресурси, како и проверка во правосудниот систем. Луѓето се обидуваат да избегаат од Косово, наша обврска е да создадеме перспектива за младите каде има правда за сите и каде што луѓето се третираат исто“, рече Османи.

Запрашана за воениот период, Османи раскажа за воениот период од 1998-1999 година.

„Како и сите Косовци, и јас пораснав во земја во која не смеевме да зборуваме на нашиот јазик и да работиме на нашите работни места. За време на војната, го видовме пеколот со свои очи, бидејќи нашите луѓе беа убивани пред нашите очи, САД застанаа покрај нас во најтешките времиња и за тоа Косовците се секогаш благодарни на Соединетите Американски Држави. Не сакаме да останеме запаметени само како синоним за војна и корупција, имаме млади луѓе кои имаат голем потенцијал“, рече таа.

На прашањето на Аманпур за поранешниот претседател Хашим Тачи, Османи одговори дека верува во меѓународната правда.

„Тој е во Хаг, веруваме во меѓународна правда и веруваме во единствената вистина дека Србија извршила злосторства на Косово. Косово ќе чека Специјалниот суд да ја заврши својата работа, но како што реков, вистината не може да се смени“, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот