ВИДЕО I Доктор Станојоска: Досега не се правени истражувања на теоријата на напнатост и нејзината поврзаност со девијантното однесување кај луѓето

Фото: youtube/printscreen

Доктор Ангелина Станојоска, вонредна професорка на Правниот факултет при УКЛО, е добитник на Фулбрајт грант во рамките на Fulbright Visiting Scholar програмата за академската 2020/2021 година. Таа ќе престојува пет месеци на Одделот за криминологија и кривична правда на Универзитетот во Мизури, Сент Луис, почнувајќи од март 2021 година.

– Мој предмет на интерес се криминолошките теории, пред сè, теориите на напнатост, односно генералната теорија на напнатост на Роберт Ању, тестирана на различни видови на примероци. Во 2019 година, оваа теорија ја тестиравме на примерок врз жени затворенички и трудот кој произлезе од тоа истражување беше награден од Канцеларијата за дрога и криминал на ООН (UNODC) и Меѓународното здружение за криминологија (ISC). Тогаш заклучивме дека кај жените кои издржуваат затвор се појавуваат одредени типови на напнатост и најчесто нивното криминално дејствување е поврзано со злоставувањето и дискриминацијата како извор на напнатост или, пак, со финансискиот стрес кај имотните кривични дела. Истражувањето на кое ќе работам за време на мојот пост-докторски престој во координација со професорката Ли Ен Слокум ќе биде компаративно тестирање на генералната теорија на напнатост на примерок на млади луѓе од САД и РСМ во однос на поврзаноста на напнатоста, негативните емоции и употребата на законски дозволени и недозволени супстанции (и појава на одреден тип општествено неприфатливо однесување), изјави во Утрински брифинг Д-р Ангелина Станојоска, вонреден професор на Правниот факултет при УКЛО.

Целиот разговор со доктор Ангелина Станојоска може да го погледнете во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот