ВИДЕО I Џудишал воч поднесе тужба против тајната служба на САД во врска со инцидентот со кучето на Бајден

Невладина организација која врши мониторинг на судовите и открива владини злоупотреби, го насочи своето внимание кон неочекувана цел – кучињата на претседателот Џо Бајден, јави денеска Вашингтон пост.

„Џудишал воч” поднесе тужба против Министерството за внатрешна безбедност на САД поради недостапност до информации поврзани со случајот кога кучето на Бајден, германски овчар, нападна агент од тајната служба во Белата куќа. Мејџор е помладото од двете кучиња на семејството Бајденови кои заедно со претседателот и правата дама во јануари се вселија во Белата куќа.

Случајот со каснувањето е еден од два такви инциденти кои завршија со мали повреди, по што Бајденови одлучија да го пратат Мејџор на неколкунеделно дресирање, јави весникот.

Од „Џудишал воч” изјавија дека поднеле тужба поради тоа што тајната служба била спора во спроведување на барање во рамките на Законот за слобода на информацијата кое се однесува на „сите записи од комуникацијата меѓу припадници на тајната служба на САД одговорни за заштита на Белата куќа во однос на семејните кучиња на Бајден именувани како Чемп и Мејџор”.

-Јавноста има право да знае подробности за инцидентот кога вработен од тајната служба бил повреден од кучето на претседателот Бајден. Без сомнеж, Мејџор и Чамп се добри кучиња, но на политичарите и бирократите не може да им се верува, изјави Том Фитон, претседател на организацијата.

Оваа организација претходно истражуваше злоупотреби на официјални лица во администрацијата на Обама, вклучително и од тогашната државна секретарка Хилари Клинтон. Нејзина цел беше и специјалната истрага за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот