ВИДЕО I Чаловски: Ја поздравуваме ревизијата на Министерството за култура, но и тоа треба да ги исполни обврските

Министерството за култура соопшти дека нема да ги исплаќа средствата за проектите до завршување на финансиските контроли, со цел заштита на буџетските средства.

– Ова е нова ситуација и не може до крај да се предвиди како оваа одлука ќе влијае врз одвивањето на културниот живот во државата, вели Јане Чаловски, претседател на ЈАДРО, Асоцијација на независната културна сцена во „Утрински брифинг“.

– Она што го знаеме е дека оние проекти кои се уредно спроведени во 2020 година, уредно аплицирани и со комплетен извештај доставен на време во Министерството за кулура, не би требало да трпат заради некој друг процес како што е оваа прилично обемна ревизија, која била спроведена од септември, минатата година. Веруваме дека доколку не се исплатат тие средства кои им се должат на организациите што уредно ја завршиле својата програма и предале завршни извештаи, тогаш е сигурно дека оваа одлука негативно ќе влијае, посочи Чаловски.

Тој истакна дека сите веќе работат со мали и многу скромни буџети, се наоѓаат пред затворање на фискалната 2020 година овие денови, така што финансискиот притисок кон помалите организации во културата е навистина значителен.

– Очекуваме Министерството да има капацитет да спроведе повеќе процеси истовремено: едниот е оваа ревизија, која всушност ја поздравуваме и мислиме дека беше очекувана. Можеби не доаѓа во идеално време, но, секако, беше и наша заложба да видиме како се работело сите овие години. Од друга страна, очекуваме Министерството да ги исполни своите обврски кон уредно спроведените проекти во минатата година. Натаму, ние би сакале да видиме и точно и транспарентно да се објасни што понатаму со тие државни средства од еден милион евра, кои веројатно се од неколку буџетски години. Каква намена ќе имаат тие? – Верувам дека власта ќе има одговорен пристап и кон тоа а ние како граѓански сектор сме подготвени да допринесеме во дебатата што со тие средства, како да се помогне на широкиот културен сектор во кој велгуваат независните, но и институциите од културата, додава првиот човек на ЈАДРО.

Тој додава дека исплатата на средствата за проектите кои не се спорни не би требало да трае повеќе од еден месец.

Целиот разговор со Чаловски може да го погледнете во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот