ВИДЕО | Хрватски кошаркари ноќта пред натпреварот за пласман на ОИ се тепале во ноќен клуб во Атина

Фото: Screenshot

Хрватските кошаркари Дарио Шариќ и Ивица Зубац се најдоа во центарот на вниманието на голем скандал откако се појави видео од нивна тепачка во Атина.

Шариќ и Зубац престојуваа во Атина со репрезентацијата на Хрватска, која играше на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, но на крајот остана без пласман во Париз.

Ноќта пред финалето, кое Хрватска го загуби од Грција на квалификацискиот турнир, двајцата кошаркари учествувале во тепачка во ноќен клуб.

Зубац и Шариќ настапија во тој натпревар и го завршија натпреварот со дабл-дабл учинок, но тоа не беше доволно нивната селекција да слави победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот