ВИДЕО | Хрватска ја победи Ерменија и шести пат во низа ќе игра на Европско првенство

Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Потешко од очекувањата, но репрезентацијата на Хрватска сепак ја победи Ерменија (1:0) и се пласираше на Европското првенство во Германија.

За Хрватска овса ќе биде шести настап во низа на едно Европско првенство и седми вкупно од осамостојувањето од кога го пропуштија само првенството во 2000 година кое се играше во Белгија и Холандија.

Се мачеа „коцкестите“ во целиот циклус квалификации, но сепак беа на ниво во клучните моменти и со две победи во последните два натпревари ја остварија целта.

Херој во вечерашниот триумф беше Анте Будимир кој го постигна победничкиот гол пред крајот на првиот дел.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Андора – Израел 0-2

Гибралтар – Холандија 0-6

Грција – Франција 2-2

Хрватска – Ерменија 1-0

Косово – Белорусија 0-1

Романија – Швајцарија 1-0

Велс – Турција 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот