ВИДЕО: Хрватска и Германија во полуфинале на ЕП, крај за актуелните шампиони
Ракометната репрезентација на Хрватска во последното коло од групата 2 ја совлада Унгарија со 27:25 и како првопласирана обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Препорачано
Освојувањето на првата позиција во групата значи дека Хрватите најверојатно ја избегнаа селекцијата на Данска во полуфиналето, со оглед на тоа што Данците се очекува да завршат како првопласирани во групата 1, па евентуален дуел меѓу двете селекции би можел да се случи дури во финалето.
Натпреварот не беше нималку лесен за хрватската селекција, која мораше сериозно да се потруди за да стигне до четвртата победа во втората фаза и да го потврди пласманот меѓу најдобрите четири. Унгарците подобро го отворија мечот и во неколку наврати имаа предност од четири гола, но Хрватска успеа да се консолидира и на полувремето замина со негатива од два гола, 15:13.
Во второто полувреме Унгарија повторно стигна до плус четири, но со погодокот на Шоштариќ во 41. минута Хрватите се доближија на само еден гол разлика (19:18), а три минути подоцна резултатот беше израмнет на 20:20.
Хрватска дојде до првото водство дури во 46. минута, кога Верон Начиновиќ погоди за 21:20 и од тој момент не дозволија да го испуштат за конечна победа.
Место во полуфиналето обезбеди и Германија и тоа откако денеска ја победија моќната Франција со 38-34. Франција е и актуелен европски шампион, па така сега стана јасно дека европскиот ракомет ќе добие нов владател.
Германија денеска до победата стигна апсолутно заслужено бидејќи имаше водство од самиот почеток на натпреварот и не дозволија Французите целосно да се вратат.
На останатите два натпревари денеска победа забележа и Исланд кој беше подобар од Словенија со 31, па така и тие обезбедија место помеѓу четири натпревари, додека Пoртугалија беше подобра од Шпанија со 35-27.


